Ивана Николовска е архитект по професија. Замислата за Ајде Дома ја добива уште за време на студиите гледајќи низа странски емисии од ваков тип и мечтаејќи еден ден и кај нас да се појави една таква.

Па еве, на пример, како Ајде Дома:)

Почетоците на емисијата ја дефинираа пред публиката како вечно насмеана, позитивна личност која не се предава и во најтешките моменти, па работеше дури до 9тиот месец на својата бременост. По пауза од 1 година емисијата продолжи и оваа година е седмата по ред сезона на емитување.

Како внука на ценети лекари, а ќерка на врвен архитект и градежен инженер, од рана возраст има познавања од областа на уметностите и градежништвото.

Денес, во своите 40ти, како професионалец и родител, таа смета:

Функционалноста и едноставноста се пред се`, како во дизајните, па така и во животот, а деталите, го разубавуваат сето она што е претходно замислено. Ценам извонредна прецизност и преданост кон работата, па така и ги бирам своите соработници.

За работата во емисијата таа вели:

Се случи :). Јас воопшто и немав намера да бидам водител, туку само продуцент. Емисијата по себе е извонредно сложен проект и процес - тоа е напорна и одговорна работа која опфаќа продукција на самиот објект, продукција на емисијата, контрола и координација на големи групи мајстори, производители и конечно клиенти:)

Сепак нема поубава работа отколку да усреќиш некого! Тоа е најголемата награда за мене!

 Во својот работен век работела во различни области – во маркетинг агенција како креативен директор, во INAQVA како маркетинг менаџер и дизајнер.

Беше продуцент на неколку познати шоуа каоко што се:  квизот „Кој сака да биде Милионер?“, „Рафинерија“„Времето“ и се разбира сеуште работи на – „Ајде Дома“

Сега работи во студиото на Ајде Дома Дизајн Инженеринг како главен архитект.