Ајде Дома е единствената Македонска емисија за уредување „во живо“

За прв пат почна да се емитува пред 7 години. Водена од арх. Ивана Николовска како продуцент, емисијата е сеуште едниствената домашно произведена емисија од ваков тип во Македонија.

Ајде Дома им помага на семејствата кои сакаат да го уредат својот дом, да го сторат тоа со помош на искусната дизајнерка, која им нуди нови архитектонски и естетски подобрувања и преобразби на ентериерите. При тој процес, семејствата не присуствуваат во просторот и се враќаат на готов уреден дом.
 
  Ајде Дома оваа сезона има премиери
  секоја недела од 14.35, со репризи во сабота 12.20.
 
Дизајните во емисијата се изработени во студиото на Ајде Дома Дизајн Инженеринг, составен од тим архитекти кои изведуваат проекти и вон емисијата во Македонија и други земји.