Мал излет на познатото скопско уточиште - канјонот Матка (или на англиски како што напишале нашите генијалци на таблите за странци „Kanjon Matka“ тоест- Кенџ`н Мејтка, сваки јенглез би разумео)

На паркиралиштето...општ хаос...парвило...кој е посилен успева..кој не...праи се на попаметен..нема друго.

Рампа - имет, ред...еехехехе. ам чуму ред?

Риболов забранет...ама не се чита брат од толку далеку...

Оган забрането, смет - дозволено. Возилата...... нели забрането беше на оној знакот долу кај рампата?????

На патеката која држи сенка доста промет, тивко спокојно, во очекување ...

на познатиот поглед..

Кој се отвота пред вас со сета своја жестокост, пембе бои....

мени - стандардно „маќедонцко“ - ражњичи, вешалице, увијачи...

ништо без разглас, пјевач и шабанајзер, како инаку „да се почуствува“ тишината и спокојот ако не ги продуваш ушите малку на свадба без нееста

конструкција - девојачки мост, ајфелова кула, ергономски еколошки еколошки...

Етно детал за пофалба, второ - дрвени столчиња - пофалба, дрвен патос - пофалба.

Единствено бегство од овој „мир и спокој“ - екскурзија со кајче до пештерата врело (и назад), 300 денари, 30 минути возење...

крајбрежјето од левата страна по сета должина го следи патека, наместа со фантастичен поглед

На неколку места долж брегот има наколни куќарки, некој и би се осмелил да ги нарече викендички..

..кои си имаат кабрио нужник на соодветно ачик место..и соодветно нацентрирана дупка за испуст...

влезот од пештерата почнат да се средува...фотографиите од внатре пропаднаа, сепак требаше поубав апарат..

Овој излет си вредеше , само заради посетата на пештерата Врело, останатото, е парада на кичот и невкусот, жално за овакво прекрасно место, идеално за летните горештини.